Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Групната фаза ѝ се лизга од раце на Струга: Брејдаблик со победа си замина од Охрид!
Спорт

Групната фаза ѝ се лизга од раце на Струга: Брејдаблик со победа си замина од Охрид!

24/08/2023

AA

Историската шанса за македонскиот шампион Струга ТЛ во својата само втора европска авантура да дојде до групна фаза во Конференциската лига полека ѝ се лизга од раце, откако денеска во Охрид, стружани загубија од исландски Брејдаблик со 0-1, па уште потешка е сега задачата за седум дена да се обезбеди европска есен.

Стружани како никогаш досега во историјата на македонскиот фудбал немал полесен противник, по име и рејтинг, за разлика од претходните европретставници кои во плејоф во Европа добивале ривали како Милан, Лацио, Фенербахче, но македонскиот првак не ја искористи шансата на домашниот терен за да обезбеди макар минимална предност, иако имаше свои шанси, двапати рамката од голот беше сојузник на Исланѓаните, па на крај пресуди „прошетката низ одбраната“ на Хоскулдур Гунлаугсон во 35-та минута.

Откако Бесарт Ибраими погоди еднаш во дирекот, а ВАР на Бунјамин Шабани му поништи гол поради прекршок врз гостинскиот голман, Гунлаугсон се прошета низ одбраната, мина четворица домашни фудбалери и потоа со прецизен удар го матира Ведран Ќосевски за водство на Брејдаблик, кој претходно исто така погоди еден дирек.

Стружани во вториот дел повторно притиснаа, се обидуваа да дојдат до погодок, макар за да останат непоразени и двомечот да остане на еднакви шанси, но сите обиди завршуваа или во рацете на голманот на гостите, или пречката беше сојузник, откако Хакан Укпа од зицер позиција погоди само во рамката од голот на 15-на минути пред крајот.

Струга притискаше со сите сили, се обидуваше од секоја можна позиција да даде гол, ама две минути во судиското надополнување Ванѓел Згуро беше исклучен за втор жолт картон, па сите надежи потоа пропаднаа откако остана македонскиот првак десеткуван на теренот.

После овој пораз, Струга сега нема друга опција за седум дена освен да го освои Исланд ако сака групна фаза, иако ќе биде двојно потешко од овој воведен меч и Брејдаблик сега ја презема фаворитската улога, а овој исландски првак сезонава веќе испиша една историја како прв клуб кој успеал да мине редовно коло во квалификациите за ЛШ, а влегол како претквалификант во летната авантура.

Не успее ли Струга во својата намера, Македонија ќе остане со само едно учество на македонски тим во групите на УЕФА и тоа на Вардар од 2017 година, кога беше испишана историја.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТОИ ОПЦИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ НО БЕЗ ПРАВО

19/02/2026
Македонија

ФОТО Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ 

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Две компании кои вршеле ископување кај изворите Шум, предизвикале загадување

19/02/2026
Македонија

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал

19/02/2026
Македонија

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031

19/02/2026
Македонија

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41676
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТОИ ОПЦИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ НО БЕЗ ПРАВО НА ГЛАС Ќе работиме на

19/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постои членство во Европската унија, но без право на глас, што, како што изјави вечерва,

ФОТО Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ 

19/02/2026

Попладнево, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, пред раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“, се случила сообраќајна несреќа во која учествуваа

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош,

19/02/2026

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy