
Груби: Заврши времето на еден или двајца луѓе од ДУИ, време е за сите!
Демократската унија за интеграција денеска во Чаир ги промовираше Секретаријатите на ДУИ во оваа општина.
Вицепремиерот Артан Груби во својот говор рече дека најголемите достигнувања не се Коридорот 8, ниту вработувањата, ниту системот на административци, туку довербата што луѓето ја имаат во оваа партија.
„Нема место во Македонија каде што не се констатира ека Албанците владеат со државата. Ова го кажуваме и сите ние, каде што создадовме капацитети да владееме. 20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите“, кажа Груби на обраќањето.