
Груби за играњето фудбал во канцеларија: Станавме општество на хистерични реакции
Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вели дека нема ништо спорно во тоа што играле фудбал во канцеларијата.
„Пораката беше дека сме одличен тим, дека сме многу сложни заедно, дека сме млади полетни желни за резултати, дека само што сме започнале со работа, изјави вицепремиерот.
Според него, не гледа ништо неморално, а коментарите биле недолични.
„Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто“ – рече Груби.