
Груби вели дека ако проневерат еден денар или се корумпираат, да скапат во затвор!
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска на конференцијата „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“ порача дека тие се подготвени ова да биде најчистиот и најдостоинствен проект во земјата.
„Ние сме подготвени ова да биде најчистиот, најдостоинствениот проект во земјата и најодговорно тврдам дека хајката против е само за дневна политика и партиски калкулации и нема друг мотив. Ниту јас, ниту Бочварски, ниту Бесими, па најмалку премиерот Ковачевски би си дозволиле себеси да се впуштиме во било какво коруптивно дејствие. Ова ни е животен проект на сите нас и сакаме да бидеме успешен“, вели Груби.
Тој додава дека ако се проневери еден денар, да скапат доживотно во затвор.