
Груби со честитка по повод Денот на македонскиот јазик
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби попладнево упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
-На сите наши сограѓани Македонци им го честитам 5 мај – денот на нивниот мајчин јазик. Во меѓусебното почитување на јазиците и културните карактеристики се заснова здравата иднина на нашата земја. Да продолжиме секој ден да ги промовираме преку нашите јазици највисоките вредности на нашето мултиетничко општество, на соработката и заедничкото чекорење кон хоризонтите на поквалитетниот развој, посочува Груби во фејсбук-објава.
