Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби се огради од какво било влијание за изборот на подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10 Д
Македонија

Груби се огради од какво било влијание за изборот на подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10 Д

12/09/2023

AA

Ниту Владата, ниту било која политичка партија или министер не смее, не си дозволува и нема право и никаква можност да влијае врз изборот на подизведувачи на конзорцуимот „Бехтел и Енка“, дециден е првиот вицепремер, Артан Груби, одговарајќи на прашање, дали фирмата Еуровиа, која е голем донатор на партија ДУИ е избрана за подизведувач.

– Апсолутно оградување, нивните процедури, дури се и потешки од нашите процедури предвидени во нашиот Закон за јавни набавки за избор на подизведувачи. Нивна е одговорноста да го изградат патот и кого ќе изберат. Затоа што ако не го изградат патот во предвидениот рок од договорот, они всушност носат одговорност за тоа прашање и за сите подизведувачи и за сите кои ќе си ги изберат како партнери, во изградбата, рече Груби на денешното почнување на градежните работи на Коридорот 8 делница Гостивар- Буковиќ.

На новинарско прашање дека според извештајот на Антикорупциска комисија подарокот од Еуровиа е спротивно на закон, како ќе се оправдат пред Министерство за правда, Груби со одговор дека ако има било какви сомнежи од страна на обвинителствата, Антикорупциска комисија, да остапат согласно законите, бидејќи како што вели, ги почитуваат законите и одлуките на институциите.

– Да помогнеме во градењето на кредибилитетот на институциите, за да веруваме во нивните одлуки понатаму, истакна Груби.

Прашан дали се спрема по брза постапка нов Закон за амнестија, со кој ќе се амнестираат 30 проценти од осудените лица, Груби вели дека денеска на седница на Влада немало таков Закон.

-Јас доаѓам од седница на Владата, а имаше најава од министерот за правда, но поради пренатрупаноста на затворите да се поднесе Закон за амнестија, но се уште не е поднесен во никаква Владина процедура за да може да се одлучува по текстот на законот, вели Груби.

Што се однесува за измените во Кривичниот законик со кој голем дел од пријавите за поранешни и актуелни функционери меѓу кои и за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерки ќе бидат застарени, Груби вели дека измените се согласно европското законодавство.

-Измените на Кривичниот законик се во целосна согласност со легислативата на Европската Унија и тоа е пресликано во коресподентните табели и во никако апсолутен случај не значат амнестија, ниту пак предвидуваат амнестија, ниту на било кого ќе помогнат, а најмалку на господинот Груевски, кој е тема за да може да се врати во Република Северна Македонија, вели Груби.

Посочува дека измените во Кривичниот законик не помагаат на било кој, што е обвинет од Специјалното јавно обвинителство или, како што вели, од било кој друг.

– Ова кривично дело не постои ниту во Германија, во многу земји од ЕУ се многу помали казните него ли во Република Македонија и затоа ги усогласуваме со европски стандарди и не значи дека се прават за едно или за друго. Туку едноставно усогласување со европските политики, рече Груби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy