
Груби потврди: Маричиќ ќе биде прв вицепремиер!
Министерот за политички систем Артан Груби потврди дека негов заменик за функцијата прв заменик на премиерот во преодната влада ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
„На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот – првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер. Ако премиерот е од ДУИ првиот заменик да биде од СДСМ, ако премиерот е од СДСМ, првиот заменик да биде од ДУИ. Убеден сум дека ќе ја изврши работата доследно“, рече Груби.