Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени – од таму му порачаа дека се плаши да одговори на поставеното прашање
Македонија

Груби очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени – од таму му порачаа дека се плаши да одговори на поставеното прашање

28/03/2023

AA

Во своето излагање одговарајќи на прашањата за изградбата на коридорите 8 и 10д, вицепремиерот Артан Груби изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи тој крупен инфраструктурен проект, како што очекува и поддршка за уставните измени затоа што, како што рече, во таа партија „владее позитивна атмосфера и дуваат нови ветришта“.

– Се надевам дека ќе го поддржите проектот, како што очекувам ваш придонес и за уставните измени, да помогнете во изградбата на европска Северна Македонија со вашиот придонес. Се надевам дека новите ветришта што дуваат во ВМРО-ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија, како што тоа го направивме заедно со вас минатиот мандат. Да не бевте вие, немаше Македонија да биде во НАТО, да не бевте вие со вашите гласови немаше да имаме уставни измени. И денеска ќе биде истото – утре заедно ќе гласаме со вас. И многу сум радосен за позитивната атмосфера што владее во ВМРО-ДПМНЕ, рече Груби.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа бурно, а координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, во процедуралната забелешка рече дека Груби „прави циркус од пратеничките прашања“ и не го почитува Собранието, дека зборува сосема друго зашто има страв да одговори за тоа што е прашан. Тој му порача на Груби измените на Уставот да ги стават на дневен ред па да види, како што рече, дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат.

– Страв му е од тоа што е прашан и прави циркус од пратеничките прашања. Ние поставивме прашање до обвинител, а затоа што не е тука, поставено е до Грковска, а одговара Груби и тој зборува за се освен за тоа за што е поставено прашање, додаде Мицевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy