Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби: Нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д, од пратениците зависи дали изградбата ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа
Македонија

Груби: Нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д, од пратениците зависи дали изградбата ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа

05/05/2023

AA

Владата на денешната седница донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа.

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

-Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, актуелно, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти. За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Замоливме да се доуредат овие закони, а нив не ги бараат ниту „Бехтел“, ниту Енка, ниту двете заедно, туку ги бараме ние како институции, Владата, пратениците, јавните претпријатија и индустријата, за поефикасен систем на градење. Увидувајќи ја очигледната бпокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда, истакна Груби.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека веќе нема време за калкулации кои патишта ни се повеќе потреби, но едно е јасно: или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или ќе останеме обиколница.

На прес-конференцијата во Владата се и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, како и заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин. Присутна е и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.

Груби информира дека владината седница почнала со изразување едноминутно молчење за загинатите во двата немили настана во Србија, како и дека сите домашни ресорни министерства известиле за нивните тековни напори да не се случи такво нешто во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy