Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО ШУТКА Директорот Утковски посочува дека притворски одделенија има и во други затвори
Македонија

ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО ШУТКА Директорот Утковски посочува дека притворски одделенија има и во други затвори

25/02/2026

AA

Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, вели директорот на Истражниот затвор, Бобан Утковски.

Груби вчера заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека нема да е безбеден во притворот во Шутка.

– Безбедноста овде е на прво место. Од мене не е побарано писмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри не ги задоволува затворот „Скопје“. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме – вели Утковски за „Слободен печат“.

Не е точно дека не може да се гарантира личната безбедност на Груби, додава тој.

– Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој еден штитеник, дури и на Груби. На крајот на денот ако толку ценат дека овде е небезбедно има и други притворски одделенија и во затворите во Гевгелија, Битола и во Куманово – вели Утковски.

Обвинителството денеска соопшти дека дале предлог за куќен притвор на Груби, бидејќи МВР и АНБ процениле дека не бил безбеден.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ вчера беше уапсен на граничниот премин Блаце, по 14 месеци бегство. Тој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЈЗ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ПОСТОТ Еве кои грешки во исхраната можат

25/02/2026
Македонија

ГРУБИ, ИСТО КАКО И ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ БЕШЕ БЕЗБЕДЕН ВО

25/02/2026
Македонија

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН

24/02/2026
Македонија

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача

24/02/2026
Македонија

Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор

24/02/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

24/02/2026
Македонија

Кристина Атовска за 4TV.mk разговара за искуствата од военото известување

24/02/2026
Македонија

ДОБАР ПРОФЕСОР МОРА ДА ГИ СЛЕДИ НОВИНИТЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛАСТ,

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЈЗ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ПОСТОТ Еве кои грешки во исхраната можат да ве чинат здравје

25/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки до граѓаните за намалување на здравствените ризици за време на постот, предупредувајќи

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН ПРИТВОР Јошевска Анастасовска од Судскиот

24/02/2026

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача во мојата кариера, не смеете

24/02/2026

Новинарката Кристина Атовска, која двапати известувала од Украина, во гостувањето на 4TV.mk го опиша денот во животот на еден новинар

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy