
ГРУБИ: Година и пол пред истекот на мандатот ја исполнивме изборната заложба за 600 евра просечна плата
„Година и пол пред истекот на мандатот ја исполнивме изборната заложба за 600 евра просечна плата.
Просечната нето-плата во април достигна вредност од 36.134 денари и е зголемена за 14,6 отсто во однос на истиот месец претходната година.
Владата останува посветена на континуирано подобрување на животниот стандард на граѓаните преку примена на ефикасна методологија за континуирано и одржливо зголемување на платите“ напиша вицепремиерот Артан Груби на Фејсбук.

