
Груби: ДКСК не ги бива – Ивановска на ФБ: Кога се е наопаку, дното е на површина!
Нов клинч меѓу Владата и Државната комисија за спречување на корупција. Овој пат пораката ја испрати првиот вицепремиер Артан Груби.
„Државната комисија за спречување на корупција не ги бива. Немаат ниту еден успешен случај, немаат капацитет“, рече Груби во интервју за Сител.
Случајно или не. Веднаш по интервјуто на друштвената мрежа Фејсбук се огласи и претседателката Билјана Ивановска, која напиша:
„Кога се е наопаку…дното е на површина“, напиша таа која според нас алудира на Артан Груби.
Груби ги користел службените простории за партиски цели, ДКСК ќе и укаже на Грковска
Инаку пред неколку дена, вицепремиерката Славица Грковска Петрушевска се „пронајде“ во прес конференција на ДКСК, па реагираше со демант испратен од Владата.