Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата
Македонија

Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во тој момент ќе излезе од Владата

24/07/2023

AA

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија.

Во гостување на вестите на Канал 5, Груби изрази уверување дека тоа не би го дозволил кој било, вклучително и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Убеден е, како што рече, дека таа партија е европски ориентирана.

Тој рече дека сите знаеме оти мора да пристапиме кон техничката измена на Уставот и видовме, подвлече, уставните амандмани се апсолутно технички и никој во општеството, освен опозицијата не реагираше на текстот на уставните амандмани.

-Само таму имаше реакција и тоа политичка, не по однос на содржината на уставните амандмани, туку политичка, за дневна политика, изјави, меѓу другото Груби.

Прашан дали ДУИ се подготвени да излезат од Владата доколку тоа е цената што треба да се плати, Груби потврди дека не само да излезат од Владата, туку и да се откажат првиот Албанец премиер во Владата, да се откажат од Пржинската Влада, затоа што, нагласи, ние ќе бидеме тогаш најголемата опозициска политичка партија во Собранието и би требало да имаме министер за внатрешни работи, за труд и социјала итн…

-Од сето тоа да се откажеме и да одиме или на предвремени избори веднаш по гласањето на уставните измени или да одиме на редовни избори. Ако им се седи во Влада уште една година, пет, шест месеци, 10 месеци колку има, нека си седат во Владата, само нека гласаат за уставните измени. ДУИ во истиот тој момент од изгласувањето на уставните амандмани, излегува од Владата и им овозможува да владеат без ништо од тоа што очекуваме до крајот на мандатот, рече Груби.

Во однос на инцидентот од викендот со опожареното возило што тој го користел наведе дека е резулат на строго политички мотиви.

-Нема ништо криминално. Денеска слушнав и лидерот на опозицијата рече дека е криминална пресметка па очекувам институциите да го повикаат и да даде исказ од каде се тие наводи дека била криминална пресметка. Убеден сум дека има политичка позадина и е резултат на тригодишното вербално насилство кон мене и кон ДУИ, рече Груби.

Истрагата, потенцираше, ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото.

Во коментар на сомнежите за прикриен имот, Груби ги повика институциите да истражат каква било претпоставка за такво нешто.

-Апсолутно Аудито не е мое возило, ниту формално, ниту неформално, по никој основ, ниту сум платил некому за тоа возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција, тогаш го користев и го немав користено 10-ина дена. Лажни се снимките во јавноста за да се шират лажни вести, рече Груби.

Тој рече дека веќе не се движи сам и користи обебзедување, за разлика од порано, бидејќи, како што потенцираше, насилната вербална агресија станува физичка агресија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy