Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРУБА КЛЕВЕТА И КОНСТРУКЦИЈА СЕ НАВОДИТЕ НА СДСМ Владата и ВМРО-ДПМНЕ со факти ја демантираа „бомбата“ на Кузеска
Македонија

ГРУБА КЛЕВЕТА И КОНСТРУКЦИЈА СЕ НАВОДИТЕ НА СДСМ Владата и ВМРО-ДПМНЕ со факти ја демантираа „бомбата“ на Кузеска

17/12/2025

AA

Должни сме јасно и недвосмислено да укажеме дека изнесените наводи се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета и свесна конструкција, реагира Владата на денешната прес-конференција на опозициската СДСМ, на која портпаролката Богданка Кузеска обвини дека фирма со само тројца вработени за период од 2 месеци добила тендери од Владата во вредност од 1,2 милион евра.

„Обидите на опозицијата се јасни, да конструира наративи без фактичка основа. Затоа, уште еднаш потенцираме дека сите релевантни податоци се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните електронски системи на надлежните институции. Овие слаби и безидејни конструкции, лесно се распаѓаат при најосновна проверка. Станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата. Набавката на овие системи има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани“, соопшти Владата.

Во текот на постапката, се додава во соопштението, имаше две понуди, а наведениот субјект имаше најповолна понуда. Постапката, вели Владата, беше спроведена без никаква забелешка, а не беше покрената жалба.

„Во врска со другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси. Предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до Службата за општи и заеднички работи, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши. Овие факти потврдуваат дека станува збор за тенденциозен обид за политичка манипулација, во кој се пласираат фабрикувани тврдења без ниту еден релевантен доказ“, се вели во соопштението на Владата.

Наводите поврзани со поединци и наводни привилегии се апсолутно неточни и се во директна спротивност со фактите и достапната документација од надлежните институции, се додава во соопштението.

„Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност. Опозицијата, очигледно неспособна да понуди идеи, програми или визија, повторно посегнува по стариот и веќе прочитан рецепт на измислици, но ова се бледи и безидејни конструкции кои го разоткриваат очајот на оние што ги пласираат. Институциите работат транспарентно, законски и отчетно, а секој што тврди спротивно ќе мора своите зборови да ги поткрепи со факти, а не со празни политички конструкции. Ги охрабруваме сите заинтересирани страни да се информираат од официјалните извори и да не подлегнуваат на политички мотивирани шпекулации“, соопшти Владата.

На обвинувањата на Кузеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од каде порачаа дека нејзината „бомба“ е петарда која ѝ пукна во рака.

„Следен пат нека излезе на прес со проверени информации. Не е јасно како по којзнае кој пат некој од СДСМ ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации. Да го тргнеме настрана фактот дека јавните набавки се јавни и транспаренти и другиот факт дека Кузеска не го разбира ИТ светот, туку обвинува за сомнителни тендери со фирма на која власта на СДСМ и ДУИ им делела тендери и грантови од Фондот за иновации. Така, фирмата СИГМОИД која не постои 2 години, туку многу повеќе, само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ и во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милион денари. Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25.000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Згора на тоа, се додава, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година, кога на власт беа СДСМ и ДУИ, од скоро 700.000 илјади денари на кој потоа склучувале анекси.

„Потоа тендер од Агенција за пошти во 2020 година од над 120.000 денари, од ТИРЗ во 2021 од 720.000денари, повторно Агенција за пошти во 2021 година, од Државен завод за ревизија во 2022 годин од над 600.000 денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022 година, и така натаму, до пред паѓање од власт во 2024 година, кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари. Еден куп тендери во времето на СДСМ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Очекувавме, додаде партијата, дека Кузеска ќе го пофали новото раководство на ССМ составено од Зоран Заев, но очигледно и нема што да се пофали.

Кузеска денеска праша дали клучот за вретење милионски тендери е близината со премиерот Христија Мицкоски и обвини дека фирма со тројца вработени за 2 месеци добила тендери од Владата во износ од 1,2 милиони евра.

– Милионски суми, мал број на вработени, фаворити за тендери од власта на ВМРО-ДПМНЕ. Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби. Станува збор за фирмата Сигмоид Гроуп ДООЕЛ Скопје, формирана пред само две години, која во краток рок добила сериозни државни договори. И како и во првата бомба, повторно станува збор за ИТ опрема. Па како е ова можно? Која е близината? Дали причината за тоа е близината на сопственикот на фирмата, извесен Ј. Јанкуловски, кој дипломирал на Машинскиот факултет, токму на насоката мехатроника и роботика, каде што е Христијан Мицкоски професор – рече портпаролката на СДСМ, Кузеска.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy