Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Наскоро сите граѓани ќе знаат со колкаво минерално богатство располага Македонија
Македонија

Грозданов: Наскоро сите граѓани ќе знаат со колкаво минерално богатство располага Македонија

01/10/2025

AA

Македонија има сериозни геолози кои во многу блиската иднина ќе го создадат геолошкото депо и сите граѓани на Македонија ќе знаат точно со какво и во колку количини на богатство располагаме, пишува металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во својата последна колумна „Наука, а не лаги“.

Грозданов уште еднаш апелира Македонија да го следи примерот на Европската Унија која забрзано инвестира во развој на рударската индустрија преку објава на втор оглас за стратешки рударски проекти.

„Пред се мислат на бакар, литиум и никел. Нивната реакција по однос на овие метали е дека мора да се отворат нови рудници во наредните 27 месеци и државите да ги овозможат сите правно-формални механизми. Во Македонија имаме среќа да се најдеме на патот на бакарот кој поминува низ источна Македонија. Започнува од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Старо Нагоричане, Валандово, и завршува во месноста Иловица –Штука. Токму оваа последна локација важи за најголем рудник во Македонија кој би се градел по најнови еколошки и индустриски стандарди и само во првите две години би внел во општините Босилово и Ново Село 350 милиони евра директна инвестиција“, пишува Грозданов во својата колумна.

Тој наведува дека изградбата на овој рудник во наредните 25 години би значел директно и индиректно вработување на членови на 3.500 домаќинства што би значело во околината импакт врз 28 проценти од населението и ќе има значителна улога за намалување на 14 проценти на дефицитот на државата Македонија.

„Најголемата придобивка за цела Македонија е тоа што првенствено ќе ја подигне и стабилизира просечната плата и ќе ја сопре чумата во демографска смисла, пишува Грозданов.

Тој во колумната повторно апелира дека надлежните и оние кои ги кројат државните политики неопходно е да ги слушаат научниците и професорите со релевантно научно знаење и искуство во стратешките важни сектори како што е рударството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy