Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Еко-активистите се нервозни, плановите на налогодавачот се прочитани
Македонија

Грозданов: Еко-активистите се нервозни, плановите на налогодавачот се прочитани

16/11/2023

AA

„Нема полошо од приучен човек кој за личен бенефит глуми нешто за што нема „тапија“ – вака аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов ја започнува својата најнова колумна насловена „Еко (ру)силници“. Според него, денес во Македонија има инфлација на такви глумци во речиси сите општествени сфери, односно политичари, аналитичари, НВО активисти, коментатори, пара-здравствени експерти, ловци на шпиони, фанатици, кои, како што додава Грозданов, без око да им трепне застапуваат застрашувачки тези кои на среден и долг рок прават ненадоместливи штети.

-Такви се и неколкумина самонаречени еко активисти од Струмичката Котлина кои немаат соодветно образование за тоа што го застапуваат и го бранат. Во случајов здрава животна средина – екологија. За да зборувате на оваа тема се подразбира дека е логично да имате стручна наобразба и познавање од: Фармација, Земјоделие, Машинство, Петрохемија, БиоХемија, Полимери, Металургија, Текстил итн. Со било кој ваков тип на образование знаеш како загадуваш и како тоа да го спречиш. Личности со ваков „бекграунд“ е логично да бидат екологисти и со целиот свој расположив капацитет да дадат свој придонес на темата рударска индустрија, без разлика дали е критика или поддршка. Но ниту еден од нив кога знае дека Македонија поседува во вкупна вредност околу 20 милијарди првична металична руда (анализа само за минимален процент земјена површина во државата) и знае дека нејзината екслоатација со новите методи е сигурна по здравјето на луѓето и целата животна средина разумно и логично е да ја каже следнава: Мора да вложуваме во рудниците за да ја осигураме нашата економска иднина и предност даваме на нашите партнери од НАТО Алијансата особено што можеме како една гранка да развиваме репро материјали кои се користат во наменската(воена) индустрија, пишува Грозданов.

Тој додава дека токму заради овие причини денес постојат еко-активисти кои затрупуваат бунари со питка вода ископани на длабочина од 70 и 210 метри со оправдание дека така ја спасуваат планината во струмичко.

-Таа вода во тој регион е наменета за народот да пие нормална, а не вода со каменчиња како што е во моментов. Затоа тука се ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ кои не само што немаат соодветно образование за да коментираат и да бидат рамноправен партнер на вакви теми туку користат закани од следниов тип: Нема да има рудник и точка, ќе се радикализираме па макар и погинале, ама и сакаат да ги навлечат здраворазумните со насилнички изјави за да ја направат дебатата беспредметна во очите на граѓаните и да ги фрлат во депресија и да им ги уништат нивните животи по секоја цена. ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ за да бидат се уште актуелни имаат желба да го глумат „Ал Каеда“ а не им текнува дека со промоцијата насилство им се случуваат две работи. Покажуваат нервоза бидејќи плановите на нивниот налогодавач се прочитани и полека но сигурно ги напуштаат оние кои сега разбираат дека ги ставале во заблуда за лична корист, нагласува Грозданов.

Аналитичарот се осврна и на последните напади упатени кон новинарот Александар Чомовски и поранешниот амбасадор Јован Донев, кои јавно изразија сомнежи за позадината на одлуките кои ја попречуваат реализацијата на рудникот за бакар во Иловица, како и за искреноста на еко-активистите.

-Последните настапи со стигматизација на новинарот Александар Чомовски и амбасадорот Јован Донев од страна на одреден политички аналитичар и ЕКО (РУ)СИЛНИК маглата на измами за развој на југоисточниот крај во Македонија се крена. За двајцата стигматизирани можеш да кажеш се ама не и следниве работи. „Чомот“ најмалку од се е полуписмен новинар, во периодот 2004 и 2007 година ги имаше најгледаните и со најголема доверба вести и емисијата „Чуму“ на ТВ А1, а во 2006 година феноменално избалансира помеѓу политичките желби на Велија Рамковски и уредувачката политика на А1ТВ. Ова е за на факултети да се учи. Другарот Јован Донев го знам од времето на здружение на фонограмски продуценти. Иако бевме на спротиставени страни сепак се беше на џентлменски начин изведено, посебно со заклучокот дека државата не слуша и ден денес за оваа проблематика. Јован Донев како амбасадор во Обединетото Кралство носител на Комонвелтот (политички „дрматори“ во светот) точно знае дека има богатство од 20 милијарди евра во Македонија и во ситуација на две војни (Русија-Украина и Израел-Палестина(Хамас)) со истото полесно можеме да ја планираме иднината, потенцира Грозданов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy