Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: До кога ќе си дозволуваме да го блокираме сопствениот развој?
Македонија

Грозданов: До кога ќе си дозволуваме да го блокираме сопствениот развој?

20/11/2025

AA

Демоните сакаат да не убедат дека може да се живее само од угостителство или текстилна индустрија — која најчесто не произведува, туку доработува за странски брендови, додека вистинските стратешки гранки – енергетика, рударството и металургијата се под постојан напад, пишува металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во својата последна колумна насловена како „Демонизација на индустријата“.

„Тие се срцето на економската стабилност и државната независност. Ништо не е случајно: целта е да се ослаби домашното производство и да се создаде зависност“, вели Грозданов објаснувајќи ја улогата на енергетика, рударството и металургијата во државата.

Според Грозданов, голем проблем е што нападите кон овие економски гранки доаѓаат од лица без соодветно образование и искуство.

„Во најголем дел, тие се самопрогласени „екологисти“. Но, што значи тој термин? Никој точно не знае. Со иронија ќе објаснам: ако живеете во зграда со балерина, тоа не ве прави балетски критичар. Така и кај нас — секој без соодветно образование и искуство зборува за екологија. Еден ваков пример видовме неодамна во утринска телевизиска дебата посветена на индустријализацијата, каде што повторно слушнавме исти лаги и стравови за рудниците. Се поставува прашањето: зошто Македонија не смее да го отвори најголемиот рудник за бакар и злато, кој би донел неколку милијарди евра профит и стабилност на буџетот?“, вели Грозданов.

Според него, апсурдно е да се говори дека не ни требаат рудници и ископ на минерални суровини.

„Тоа не е аргумент, туку саботажа. Светската економија денес има поголема потреба од бакар отколку кога било досега. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе склучува договори со држави богати со бакар и други минерали од списокот на критични суровини, осигурувајќи долгорочна индустриска стабилност и независност. А ние, тука во Македонија — земја со минерален потенцијал проценет на над 20 милијарди евра — седиме со скрстени раце. Наместо да градиме стратегии и инвестиции, се водиме по мислењата на луѓе без образование, искуство и разбирање за индустрија, енергетика и рударство. Прашањето што сè погласно се поставува е: до кога ќе си дозволуваме да го блокираме сопствениот развој?’“, пишува Грозданов во својата колумна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

03/03/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, се осврна на значењето на членството на Македонија во НАТО,

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме и пријавувавме!

03/03/2026

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата траело со години и било јавна тајна меѓу станарите, тврди сосетката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy