Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска: Принципите на добро владеење мора да се имплементираат на сите нивоа во јавната администрација
Македонија

Грковска: Принципите на добро владеење мора да се имплементираат на сите нивоа во јавната администрација

20/09/2023

AA

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, учествуваше на панел дискусија посветена на деблокирањето на клучните реформи, која се одржа во рамки на конференцијата „Современа, Ефикасна, Дигитализирана Јавна администрација: Визија 2030 – Стратегија за администрација“.

„Имајќи предвид дека администрацијата е сликата и столбот на државата и на општеството, тогаш принципите на добро владеење мора да бидат имплементирани секаде. А кога зборуваме за добро владеење, зборуваме за транспарентност,  отчетност, интегритет, како и за брзи и професионални услуги“, изјави вицепремиерката Грковска, додавајќи дека од приоритетна важност е да се промени светогледот и да се зајакне свеста дека администрацијата е сервис на граѓаните. Во овој долг и тежок процес, додаде таа, клучно е политичарите да бидат пример за сите останати во општеството, со својот интегритет и со своето делување и работење за доброто на државата.

Вицепремиерката Грковска се осврна на активностите кои изминатиот период ги презеде кабинетот со кој раководи, фокусирани на трите столбови: дигитална трансформација на општеството, транспарентност и ефикасност на институциите и антикорупциски политики, кои се испреплетени меѓу себе и директно поврзани со реформите во јавната администрација. Таа го истакна тековниот проект за преосмислување на управувањето, со кој се предвидува воведување индикатори за мерење на успешноста во спроведувањето на политиките и зајакнување на секторите за стратешко планирање во министерствата. Понатаму, таа информираше дека е веќе подготвен нацрт на Законот за архивирање, кој уредува како ќе се третираат дигиталните документи, а интензивно се работи и на воведувањето на електронска лична карта, како основа за понатамошен развој на дигиталните услуги.

Во поглед на транспарентноста, вицепремиерката Грковска истакна дека таа е еден од главните механизми за спречување на корупцијата, но и начин како да се навикнат институциите дека треба да бидат отворени и на услуга на граѓаните. Во таа насока, беше подготвено упатство кое цели кон јакнење на проактивната транспарентност, сè до конечната цел која треба да биде исполнета во 2030, за отворени регистри кои им се на располагање на сите граѓани.

Како заклучок на излагањето, вицепремиерката Грковска истакна дека една од клучните реформи за кои се залага кабинетот со кој таа раководи е донесување законско решение кое ќе оневозможи носители на функција или вработени во администрацијата на сите нивоа, да бидат лица кои не покажале капацитет за почитување на принципите на добро владеење.

„Во ниту еден од трите столбови на власта, лице на кое му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, доколку е осуден или разрешен за злоупотреба на службена должност, корупција, судир на интереси, дискриминација и користење на службената положба за каков било облик на принуда, не може да биде избран или именуван на функција, односно да биде вработен во јавна администрација. Кандидат за носител на јавна функција, како и вработено лице во јавната администрација не може да биде лице кое се наоѓа на листата на санкции на САД, ЕУ или ООН“, заклучи Грковска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy