Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска на безбедносен форум во Вашингтон: Партнерството со САД е клучно во справувањето со малигните влијанија на Балканот
Македонија

Грковска на безбедносен форум во Вашингтон: Партнерството со САД е клучно во справувањето со малигните влијанија на Балканот

31/01/2024

AA

Во рамки на посетата на САД, а во пресрет на утрешниот традиционален молитвен појадок во Вашингтон, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска учествуваше на безбедносниот форум на тема „Малигното кинеско и руско влијание на Балканот“.

Вицепремиерката Грковска во своето излагање посочи дека Северна Македонија отсекогаш била на крстосницата на различни влијанија, вклучително и оние штетните со кои се поткопуваше секој чекор што како држава го направивме за да станеме дел од Алијансата и да влеземе во ЕУ. За жал, како што истакна Грковска, овие влијанија не се намалија со влезот во НАТО, туку се интензивираа откако земјата се соочи со нови пречки во пристапувањето во Европската Унија

Во таков контекст, штетните наративи, лажните вести и дезинформациите се шират пошироко и подлабоко во општеството, нагласи Грковска и додаде: „Сето тоа е во интерес на агендите на земји од кои Северна Македонија, историски гледано, никогаш не видела ништо добро. А растечкиот евроскептицизам и антизападните чувства кои организирано се зајакнуваат, можат да имаат далекусежни последици врз стабилноста на нашето општество и на целиот регион.“

Во своето обраќање вицепремиерката изрази надеж дека Соединетите Американски Држави и во иднина ќе останат наш посветен сојузник и пријател кој континуирано ги поддржува напорите на Северна Македонија за унапредување на демократијата, за владеење на правото и за градење одржливи институционални капацитети за раст и развој.

„Без партнерството со САД, ние самите не би можеле да се справиме со малигните влијанија на непријателите на слободата и демократијата, ниту да ги спречиме метастазите што продираат во кревкото ткиво на нашето општество.“, заклучи Грковска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес загина при пад

20/02/2026
Македонија

Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на

20/02/2026
Македонија

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите

20/02/2026
Македонија

Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе

20/02/2026
Македонија

Муцунски и новата бугарска министерка Нејнски разменија честитки и иницираа

20/02/2026
Македонија

Минималната кошница за февруари 2026 изнесува 67.382 денари: Повисоки трошоци

20/02/2026
Македонија

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес загина при пад на метален профил

20/02/2026

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување

Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на кадри и ангажман по пензионирање

20/02/2026

Министерството за здравство ја отвори јавната расправа за измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита, со цел подобрување на

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите проверуваат врска со други слични

20/02/2026

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поднесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кривично дело убиство, откако

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy