
ГРКИНКА ПРЕДИЗВИКАЛА ПОЖАРИ: Признала дека сакала да запознае маж во униформа
Грчката полиција соопшти дека решила случај во градот Триполи на Пелопонез, каде 44-годишна жена e обвинета дека подметнала неколку пожари, а во своја одбрана тврдела дека тоа го направила затоа што уживала да ги гледа и да флертува со пожарникарите.
Таа доби 36 месеци затвор и парична казна од 1.000 евра. Гркинката предизвикала два пожари на земјоделско земјиште, но не е причинета поголема штета бидејќи и двата брзо биле изгаснати.
Според грчките медиуми, 44-годишната жена станала главен осомничен кога пожарникарите забележале дека е присутна на двете жаришта, пишува Грик Репортер. Таа признала дека сакала да запознае маж во униформа.