Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гренланд му порача на Трамп: Не сме на продажба, ги зајакнуваме врските со Данска
Македонија

Гренланд му порача на Трамп: Не сме на продажба, ги зајакнуваме врските со Данска

27/04/2025

AA

Гренланд и Данска се согласија да ги зајакнат врските како одговор на интересот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз стратешкиот арктички остров, изјавија лидерите по разговорите во Копенхаген.

Новиот премиер на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен вчера ја започна тридневната посета на данската престолнина, како знак на единството на неговата полуавтономна данска територија богата со минерали со Данска.

„Се наоѓаме во надворешнополитичка ситуација која укажува на потребата да се зближиме“, рече Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

„Никогаш нема да бидеме имот што може да се купи“

Двајцата премиери се сретнаа во време на повеќемесечна тензија поради постојаните изјави на Трамп дека Гренланд треба да стане дел од САД.

„Подготвени сме за силно партнерство (со САД) и поголем развој, но сакаме почит… Никогаш нема да бидеме дел од имотот што секој може да го купи“, рече Нилсен.

Тој, исто така, додаде дека континуираното проширување на американскиот конзулат во Нук, главниот град на Гренланд, што беше договорено уште пред Трамп да ја преземе функцијата, предизвикува вознемиреност кај Гренланѓаните.

Модернизација на односите и зајакнување на одбраната на Арктикот

Фредериксен рече дека Данска е подготвена да инвестира повеќе во Гренланд и да го поддржи финансиски, а истовремено презема поголема одговорност за сопствените внатрешни работи од Копенхаген, како дел од она што таа го опиша како „модернизација“ на нивните односи.

Данска повика на зголемена соработка со Соединетите Држави во областа на одбраната на Арктикот, а Нилсен и Фредериксен во неделата изјавија дека се посветени на зајакнување на одбраната во регионот.

Данскиот крал Фредерик во понеделник ќе отпатува за Гренланд како дополнителен знак на солидарност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy