
ГРЦИТЕ ПРЕЗЕМАА РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Со багери ги чистат нелегално поставните лежалки на плажа
Грците со багери ги чистат нелегално поставените лежалки на плажите.
Грција ги чисти плажите од нелегални конструкции, пренесе Макфакс.
Во борбата за уредување на плажите, грчките власти презедоа радикални мерки.
Во туристичкото место Неа Флогита на Халкидик, багери се ангажирани за отстранување на сите лежалки и чадори кои биле оставени преку ноќ.
Сопствениците на опремата бурно реагираа на оваа одлука, но властите останаа цврсти во својата намера да го спроведат законот. Лежалките и чадорите беа собрани со багери и однесени на депонија.
