Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грција воведува задолжително осигурување за се, по штетите што ги предизвика „Даниел“
Економија

Грција воведува задолжително осигурување за се, по штетите што ги предизвика „Даниел“

23/09/2023

AA

По огромните штети што ги поредизвика невремето „Даниел“, како и бројните пожари, осигурителниот пазар ги подготвува своите предлози до грчката влада за задолжително осигурување на сите имоти од елементарни непогоди.

Врз основа на неодамнешните најави на Владата, во првата фаза (од 2024 година) обврската ќе важи за средните и големите компании со годишен обрт поголем од 2 милиони евра. Осигурувањето треба да покрие поплава, земјотрес и пожар и да ги покрие зградите, машините, опремата и залихите.

Од 01.01.2024 година овие компании нема да бидат обесштетени од државната помош. Се проценува дека во оваа категорија спаѓаат околу 16.000 фирми – со покривање на 87 отсто од вкупниот промет.

Сепак, како што неодамна напомена премиерот Кирјакос Мицотакис, време е да започне јавната расправа за задолжително осигурување на сите имоти од природни непогоди, бидејќи тоа е единствениот начин да се вратат штетите што е невозможно да ги покрие и државата и – во повеќето случаи – семејниот буџет.

Индикативно е дека, според проценката на Атинската стопанска комора, трошоците за „Даниел“, за да се поддржат настраданите и да се врати санира големата штета, изнесува приближно 5 до 8 милијарди евра.

Затоа, осигурителниот пазар и владата се согласуваат дека е дојдено време за дефинитивна регулатива за задолжително осигурување на имот. Како што коментира осигурителниот пазар, осигурувањето на домот е регулатива на која треба да падне фокусот, како и за повеќето бизниси, кои ќе треба да воведат задолжителното осигурување на опремата, инфраструктурата. а исто така и нивните работници.

Според податоците, во Грција околу 1 милион куќи од 6,5 милиони се осигурени, односно процентот е 15 проценти (најмногу се во градовите, на село бројките се помали додека генерално најмногу се однесуваат на оние што купиле куќа со хипотекарен заем). Кај бизнисите процентот изнесува 40 отсто. Со други зборови, 200.000 од 500.000 бизниси се осигурени.

Состаноците во наредните недели се веќе на дневен ред на релевантните министерства и Асоцијацијата на осигурителни компании на Грција со цел да се формулира сеопфатен предлог насочен кон зајакнување на осигурителната свест кај граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy