Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ГРАНИТ“ ЌЕ ЈА ГРАДИ ОБИКОЛНИЦАТА НА ТЕТОВО – компанијата објави зделка од над 12 милиони евра
Економија

„ГРАНИТ“ ЌЕ ЈА ГРАДИ ОБИКОЛНИЦАТА НА ТЕТОВО – компанијата објави зделка од над 12 милиони евра

20/09/2023

AA

Една од домашните најреномирани
градежни компании „Гранит“ ја извести инвеститорската јавност за голема зделка.

Имено, компанијата влегува во проект од кој ќе оствари приход од над 12
милиони евра, што укажува на тоа дека има сигурна работа и приносен бизнис во
наредниот период.

Практично, „Гранит“ ќе работи на изградба
на обиколницта на Тетово преку клучката Требош до Непроштено, и тоа во фазата
1, а вредноста на овој договор со вклучен ДДВ, како што известиле од компанијата,
ќе изнесува над 752 милиони денри, или 12,23 милиони евра.

„Согласно член 33 од Правилата за котација известуваме дека ГД Гранит АД
Скопјена ден 19.09.2023 година склучи договор со Јавното претпријатие за
државни патишта за изградба на обиколницата на Тетово преку клучката Требош до
Непрошетно ( фаза 1 ). Вредноста на договорот со вклучен ДДВ изнесува
752.077.712 денари“, соопштија од компанијата преку Македонската берза.

Фактор се интересираше за повеќе детали околу овој договор, дали е тој дел
од коридорите 8 и 10Д на кои се ангажираше странската компанија „Бехтел и
Енка“, но и како дојде до реализација на овој проект. За таа цел стапивме во
контакт со компанијата, од каде добивме повеќе детали.

Од „Гранит“ за Фактор велат дека станува збор за идеја на Јавното претпријатие за државни патишта, на
која се работи од пред две до три години,
за изградба на нова обиколница со која ќе се растовари сообраќајот во Тетово.

Како што посочуваат од компанијата, тендерот требало да биде распишан уште минатата
година, но од објективни причини, се реализирал годинава.

„Проектот е изработен од Градежен Институт на Македонија.
Моментално е распишан тендерот за првата фаза, кој е добиен од ГД Гранит АД
Скопје, а ќе следи тендер и за втора фаза“, објаснуваат од „Гранит“ за Фактор.

Додаваат дека овој објект не е дел од Коридорите 8
и 10, туку се работи за
сосема независен проект.

На неодамнешната економска конференција во Скопје посветена на важноста на
зачленувањето кон Европската унија, министерот за транспорт и врски Благој
Бочварски рече дека во земјава интензивно се градат бројни инфраструктурни проекти,
што ќе даде шанса за иден развој на државата и ќе значи рестартирање на
градежништвото.

„Речиси и да нема сериозна градежна фирма во земјава која не е ангажирана
во овој момент. Сите имаат многу работа. Убеден сум дека ова е шанса за рестарт
на економијата и за граѓаните и дека ќе се отворат многу работни места, а тоа
инфраструктурно поврзување ќе даде бенефит во економијата“, рече Бочварски.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy