Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАНИЦИТЕ ПОМЕСТЕНИ: Извршителите од државата и од граѓаните наплатиле рекордни суми
Економија

ГРАНИЦИТЕ ПОМЕСТЕНИ: Извршителите од државата и од граѓаните наплатиле рекордни суми

24/03/2025

AA

Извршителите минатата година од државата како должник наплатиле рекордни 31,5 милиони евра , без да се наведе колку од оваа сума е за основен долг, колку за камати и колку за награда, пишува во извештајот на комората за 2024. Од самите граѓани одземени се највисоки досега 47 милиони евра.

„Според структура на должници, извршителите во 2024 година наплатиле најмногу
парични средства од должници правни лица, поточно 84.334.575 евра, потоа од физички
лица износ од 46.933.986 евра и крајно од Република Северна Македонија износ од
31.495.995 евра“, објави Комората на извршители на РСМ.

Наплатата од државата и од физичките лица е рекордна во однос на претходните години. Од државата со своите министерства, општини и други управни тела биле извршени два милиони евра повеќе од 2023 – инаку претходно најдобра година за извршителите. Кај поединците – физички лица канцелариите на извршителите биле најефикасни и наплатиле повеќе од пет милиони евра разлика од една година претходно во 2023, која инаку исто така досега беше најуспешна за нив.

Вкупната сума на извршување од 160 милиони евра е втора најдобра година за извршителите, по онаа во 2017 кога биле наплатени 166,2 милиони евра.

Рекорден е и бројот на извршени пријави во текот на минатата година – 73.795. Тоа е огромна разлика во однос на претходната 2023 како најуспешна година со 64.010 извршени решенија.

„Споредбено по години, во бројот на реализирани извршни исправи од страна на
извршителите во 2024 година се забележува зголемување, па во оваа извештајна година
реализирани се вкупно 73.795 извршни исправи“, мконстатира комората.

Интересно е тоа што минатата година биле наплатени рекордни 33,34 милиони евра во име на физички лица како доверители, така што и во оваа категорија границите се поместени.

„Врз основа на добиените податоци од кварталните извештаи за 2024 година, според
структура на доверители, извршителите во полза на државата наплатиле вкупен износ од
2.074.369 евра. Воедно, во истиот период, назад во стопанството се влезени вкупно
127.382.932 евра, благодарение на реализацијата од страна на извршителите во РСМ,
додека пак во полза на физичките лица – доверители реализирани се 33.340.049 евра“, забележуваат извршителите.

Бројот на извршителски канцеларии останал ист како и претходната година со 83 извршители.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy