
Граничниот премин Меџитлија блокиран за ТМВ, Евзони за сите видови возила
Неколку гранични премини во земјава се затворени за сообраќај на определени видови возила. Грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за товарни моторни возила од 10:00 до 16:00 часот, додека ГП Евзони (Богородица) од 11:00 часот е затворен за сообраќај на сите видови возила.
Според најавите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.
АМСМ упатува апел до возачите да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да прилагодат брзина на движење и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од појава на одрони. Особено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
