
„Градски паркинг“ постави настрешници на куќарките за наплата
На наплатниот центар на Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, како и на благајната во службата на сектор „Пајак“ при ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се вградени натстрешници со цел заштита од дожд и сонце на корисниците.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, секојдневно работи на подобрување на условите за користење на јавните градски паркиралишта.
Ова на Фејсбук го објавија од ЈП „Градски паркинг“.

