Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градот Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз
Македонија

Градот Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз

06/03/2023

AA

Од Град Скопје информираа дека е распишан јавниот повик кој ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз.

„На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина“, велат од Град Скопје. Од таму додаваат:

Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз.

Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз.

За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
Македонија

АЛБАНИЈА ПРОГЛАСИ „НОН ГРАТА“ ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ: Валон Беља и

04/08/2026
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од

04/08/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44848
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат со крем за сончање

04/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итно предупредување и апел до родителите за преземање дополнителни превентивни мерки за заштита на

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува исплатата на еднократна финансиска поддршка за лицата кои се лекуваат од

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев

04/08/2026

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy