Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градоначалникот се пофали: Ацо Пејовиќ и Милица Павловиќ ќе пеат во Кавадарци
Магазин

Градоначалникот се пофали: Ацо Пејовиќ и Милица Павловиќ ќе пеат во Кавадарци

05/09/2024

AA

Кавадарци викендов ќе биде центар на сите случувања со „Тиквешки гроздобер”, вековната традиција, стопанско туристичката и културна манифестација. Ова денеска го соопшти градоначалникот Митко Јанчев, на прес – конференција. 

Тој најави дека во петок, сабота и недела, Кавадарци ќе биде преплавен со посетители од цела држава и од странство. 

– Изложба на олдтајмери, таблијада, изложби на уметнички дела, настап на детски фестивали, меморијален турнир „Сестри Китеви”, подготвување на најразлични специјалитети од грозје, вино и маџун, традиционални вечери на староградска песна и гостување на музички звезди од Македонија и поранешните ЈУ простори,  во приказната наречена „Тиквешки гроздобер”. И главната карневалска поворка, белегот на оваа манифестација низ годините, со учество на карневалски групи од Македонија и надвор од неа, најави градоначалникотСе заблагодари на генералните спонзори, како и на сите други општествено одговорни компании што даваат поддршка.

– Што се однесува пак до безбедноста на самата манифестација и годинава сите потребни институции и од Кавадарци и од Македонија се организирани, подготвени и мобилизирани и се надевам, дека, како и во претходните години, ќе помине се во најдобар ред. Само во делот на паркинг места се вклучени околу сто луѓе, тука се пожарникарите за логистичка поддршка и да не набројувам, со еден збор секој си ја знае својата работа. Затоа што верувајте нема поубава манифестација од таа, кога знаете дека сте направиле се да ги угостите најдобро што можете и заштитите, луѓето кои ви направиле чест со своето присуство, подвлече Јанчев. 

Лилјана Митрова, портпарол во Општината, се осврна на програмската содржина на манифестацијата. 

– Како и секогаш ветуваме многу културни и многу музички настани, рече таа.

На агендата, меѓу другите се и настапите на Лара Иванова, Пајак, Реља, Милица Ризо, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ и други. 

Ќе има и возење со новиот туристички воз „Гроздоберко”, модна ревија насловена ,,Тиквешки гламур и уметност во боите на винската традиција” во соработка со Љубица Мешкова Солак и Сербез, дегустација на храна, вино и ракија. 

– На Тиквешкиот карневал на градскиот плоштад, белег на Тиквешкиот гроздобер, традиција која датира од далечната 1960 година и на кој учество ќе земат повеќе од 800 учесници и околу 33 карневалски групи односно поставки како од Македонија, така и од цел Балкан, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Србија и Грција, и оваа година со задоволство најавувам дека ќе бидеме домаќини и на гости од Италија, Турција и Шведска, додаде Митрова. 

На детското карневалско дефиле, учесници ќе бидат над 1.200 дечиња од сите основни училишта во општината. свд/цр

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ Е СОПСТВЕНИК НА ГЛАСОВИТЕ Вреди смета

02/11/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН

02/11/2026
Македонија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

02/11/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА СДСМ КОГА ПРОПАЃАА БАНКИ, А НИВНИ МИНИСТРИ

02/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈОТОВА ЗА ПОБЕДАТА Со добра

02/11/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46500
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ Е СОПСТВЕНИК НА ГЛАСОВИТЕ Вреди смета дека граѓанската волја треба да

02/11/2026

Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите и не може да бара сопственост над нив. Гласовите им припаѓаат на

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Дождовите ќе продолжат и

02/11/2026

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жали што коалицискиот партнер не

02/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и со проекти за развој на општина и за подобар живот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy