Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градинката во Врапчиште без струја на температура од -5 степени
Македонија

Градинката во Врапчиште без струја на температура од -5 степени

10/02/2025

AA

Општина Врапчиште денеска беше обвинета од Министерството за социјална политика, демографија и млади за кршење на правата на децата, откако градоначалникот наложил исклучување на струјата во градинката во Врапчиште, и тоа на температура од -5 степени. Според Министерството, оваа одлука е неприфатлива и го нарушува стандардот на грижа за децата.

Во дописот до медиумите, Министерството истакнува дека откако градоначалникот на Врапчиште ја изгубил надлежноста над социјалниот сектор, тој продолжил со ингеренции кои, како што се тврди, го влошуваат положбата на децата во општината. Покрај исклучувањето на струјата, општина Врапчиште го одзела и возилото кое служело за превоз на храна до градинката во село Добри Дол. Министерството информира дека возилото било вратено во училиштето во центарот на општината, што довело до отежнат транспорт на храна за децата во клонот на градинката во Добри Дол.

Од 31-ви јануари, транспортирањето на храната за децата се врши со приватни автомобили, што ја зголемува сложеноста на процесот. Министерството смета дека ваквиот начин на делување на општината, како и исклучувањето на струјата во градинката „Пранвера“, претставува грубо кршење на Законот за заштита на децата и апелира за итно решавање на ситуацијата.

Министерството за социјална политика најави дека ќе преземе мерки и ќе ги следи понатамошните активности на општината, за да се осигура дека правата на децата ќе бидат заштитени согласно законот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy