
ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЛАНИ СО ПОВЕЌЕ РАБОТА ВО СТРАНСТВО – еве каде најмногу граделе
Зголемен обем на работа во странство регистрирале домашните градежници во текот на минатата година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 238.369 илјади денари, што е за 40,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2022 година.
Од статистика посочуваат дека минатата година сепак извршени се помалку градежни работи од договорените, но сепак, бележи раст во споредба со претходната година.
– Градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 189.758 илјади денари, што е за 18,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година – објави ДЗС.
Најголема вредност на завршените градежните зафати нашите комапнии ги направиле во Германија, а мал дел од градежните проекти на кои учествувале се во регионот, поточно во Црна Гора, Србија и Бугарија.
