
ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ПОИНТЕНЗИВНО НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО – расте вредноста на договорените активности
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари – септември годинава изнесува 343.806 илјади денари, што е за 54,3 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 141.833 илјади денари, што е за 1,2 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Најголем дел од договорените градежни работи ќе се вршат во Германија, а по неа следува соседна Албанија. Имено вредноста на договорените градежни работи во Германија достигнува 157.675 илјади денари, додека во Албанија 150.000 илјади денари. Потоа следуваат Црна Гора и Бугарија.

