Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАДЕЖНИЦИТЕ БАРААТ 51 ОТСТО ОД РАБОТАТА ДА ЈА ДОБИЈАТ ДОМАШНИ КОМПАНИИ, во спротивно ќе излезат на улица
Економија

ГРАДЕЖНИЦИТЕ БАРААТ 51 ОТСТО ОД РАБОТАТА ДА ЈА ДОБИЈАТ ДОМАШНИ КОМПАНИИ, во спротивно ќе излезат на улица

10/03/2023

AA

Бројот на градежници изминативе пет години паднал под 50 илјади вработени, додека за една година се намалува за 12.622 работници. Ова го истакнаа Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и Андреа Серафимовски, претседател на здружението за градежништво при Стопанска комора на Македонија. 

Тие потенцираат дека со лошите владини одлуки, повторно приоритет им се даваат на странски градежни компании наместо на домашните, што резултира со пропаѓање на домашните градежни компании. 

– Она што е запрепастувачки за нас, е дека најголемите инфраструктурни објекти, кои треба да се градат согласно овие проекти, повторно ќе ги градат странски компании кои немаат никакво портфолио, или кои не знаеме како граделе во нашата држава – потенцираше Пешевски. 

Првиот човек на СГИП укажа дека иако се најавуваат градежни офанзиви во државата, број на градежни работници во земајва се намалува. 

– Имено во изминатите пет години, за прв пат бројот на градежници паѓа под 50
илјади вработени, однсоно за само една година бројот се намалува за 12.622
работници. Ова кажува дека голем дел од домашните работици останале без работа,
и своето чаре си го бараат во високо развиените земји да градат туѓи екномии
наместо домашната.

Од страна на работодавачите добивме инфомации дека голем дел од компаниите се
соочуваат со потешкотии во работењето, бидејќи Владата голем дел од колачот
сака да даде на странски компании, а не да вложи во домашните компании.

Тоа произлегува од фактот што пред два дена во Владата се склучи еден би
рекол безобразен договор, каде што 1,3 милијарди на неправен проект, на
ненаправена експропријација, се даваат на странска компанија „Бехтел и Енка“,
компанија која пред една година падна на Уставен суд падна поради тоа што
сакаше вработените да работат 60 часа неделно – истакнува Пешевски.

Тој посочи дека со оваа одлука Владата е подготвена да дава средства и да ги прекршува
законите кои ги носи, да не ги почитува меѓународните договори кои ги носи
меѓународната организација на трудот. Тој потенцира иако има одредби кои посочуваат дека при
работа на странски компании, 50 отсто од работата треба да биде на домашни
компании, а тоа ги вклучува и вработените, и проектирање, и изведба… не  очекува дека работата ќе ја добијат домашни компании. 

– За жал, сликата која ја направивме како синдикат покажува дека скоро
2 милијарди евра ќе се одлеат на странски компании и на странски работници,
наспроти 80 милиони евра за домашните компании и домашни работници.

Процентите се застрашувачки, бидејќи 96 посто од парите кои ги плаќаме сите
како граѓани ќе се одлеат во странски инвеститори и странски работници, наместо
кај домашните компании кои се пред ставање клуч на врата и да ги остават на
улица и тие безмалку работници кои останаа во државата.

Она што е запрепастувачки исто така за нас, е дека најголемите
инфраструктурни објекти, кои треба да се градат согласно овие проекти, повторно
ќе ги градат странски компании кои немаат никакво портфолио, или кои не знаеме
како граделе во нашата држава – вели Пешевски.

Тој воедно укажа дека поради
лошата администрација и менаџирање останавме се уште сме без автопат Кичево Охрид, а го
натплативме и екстремно задолжени. 

– Сега
се прави нов договор во Влада, во четири очи, каде што овие четири
делници ќе чинат и преку две милијарди евра, а повторно нашите компании кои
имаа референци да градат во странство, а сега искача дека не се доволно
потенцијални да градат во сопствената држава.

Ова е апел и крајно предупредување до сите инстанци во државата да стават
малку кочница, да ги преиспитаат сите договори, да дадат дел од работата на
домашните компании, бидејќи ако продолжат вака, не само што ќе останеме без
сектор градежништво, туку ќе останеме без целата држава имајќи предвид дека 7 отсто од вкупниот број се во сектрот градежништво. Најголем двигател на БДП во економијата
е сектор градежништво. Доколку сметаат дека треба да ги остават на улица и овие
работници нека продолжат, но да сметат и на притисокот кој ќе го направиме
согласно нашите документи, а ќе го искористиме и правото на штрајк. Бараме итно да се седне во влада и да се договориме кој ќе го добие поголемиот дел
од колачот.

Спремни сме да искочиме не само со работници, туку и со цела механизација на
улиците – посочи Пешевски, и дополни дека доколку нема системско решение, ќе имаат  многу
проблеми со нив.

Дополни дека бараат почитување на законите и меѓународните одредби, и со тоа домашните компании да добијат 51 отсто од сите градежни процеси, од проектирање преку изведба до самиот крај да биде од домашни компании.

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца

12/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан

12/02/2026
Македонија

Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет

12/02/2026
Македонија

Филков му возврати на Касами: „Кога ќе бидеш премиер, тогаш

12/02/2026
Македонија

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026
Македонија

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТРЕНДАФИЛОВ Лидерот на

12/02/2026
Македонија

Полицијата уапси 15 возачи кои управувале возило без возачка дозвола

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца вработени

12/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан без дозвола

12/02/2026

Вкупно 15 возачи биле приведени вчера низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот – возење без возачка дозвола, управување со

Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет дена од чешмите тече темнокафеава

12/02/2026

Петти ден по ред водата од градскиот водовод во Струга е забранета за употреба, откако од чешмите почна да тече

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy