Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градежни фирми го заобиколувале законот, одземени 427 лиценци
Македонија

Градежни фирми го заобиколувале законот, одземени 427 лиценци

22/03/2025

AA

Одземавме 427 лиценци во делот на градба, проектирање и надзор од досега прегледаните 2810 лиценци во Министерството. Најголема е бројката за Изведувачи на градба од Б категорија и во тој дел одземени се вкупно 198 лиценци, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Дневикот на ТВ Сител.

Тој најави дека Владата и Министерството за транспорт преземаат сериозни активности во делот на проверка на сите издадени лиценци и овластувања. 

“Денес имам нови бројки имајќи предвид дека вработените во Министерството за транспорт работат и денес и утре. Иако сме на раб на законот, донесовме одлука да ја направиме оваа контрола. Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци. Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР“, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека по итна постапка ќе се пуштат законски измени со што контролите ќе станат облигаторни на секои шест месеци. 

„Имаме една сериозна акција на проверка. Се работи во сите сектори и сите тие ќе почнат да излегуваат со бројки и резултати со кои би презентирале пред јавноста каква е состојбата. Увидуваме и дека има доста законски недоследности. Не велам дека законите се секаде лоши. Во најголем дел законите се добри и намерата е добра, но за жал нашиот менталитет е таков каков што е и има бројни злоупотреби. Во одредени ситуации законодавецот веројатно сакајќи да ги поедностави процедурите, тоа поедноставување доведува до големи злоупотреби од страна на приватните субјекти кои се крајни корисници на овие овластувања и лиценци“, заклучи вицепремиерот Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy