Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градежна комора: Државата не може да ја регулира цената на становите
Економија

Градежна комора: Државата не може да ја регулира цената на становите

20/04/2023

AA

Градежната комора денеска реагира дека државата, односно Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (поранешен ПУИК), не можат да ја регулираат цената на становите. Од таму велат дека во догледно време нема да има намалување на цените, кои изминатите година дена енормно нараснаа за овој тип на недвижнини.

Ваквата реакција следува откако Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вчера изјави дека цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Тој рече дека Акционерското друштво како регулатор на цената почнува да гради на нови локации, а на намалување на цената ќе влијае и поевтинувањето на градежните материјали.

– ПУИК никогаш не бил и нема да биде регулатор на цената. Во моментов освен пробелм што е малата понуда на станови, уште поголем проблем е недостигот на квалитетни станбени единици. Цената не очекуваме дека ќе ја достигне онаа пред ковид кризата, но очекувањата се дека ќе се стабилизира на 20-25 отсто повисока од пред Ковидот, рече Андреа Серафимовски од Градежна комор во вестите на Телевизија 24.

Тој додаде и дека цените на репроматеријалите во моментов се неконзистентни. Ѓоргиев пак вчера рече дека трендот на енормно зголемени цени за квадратен метар не е само кај нас, туку во регионот и во цела Европа, но во периодот што следува се очекува намалување.

„Според она како се движат цените сега, има извесно намалување на градежните материјали. Ние како државна фирма сме регулатор на цената. Затоа сега набргу ќе почне градба во старата воена пекарница за да можеме на ова лудило во државата и во целиот регион за цената на квадратен метар да му бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад надолу“, рече директорот Ѓоргијев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy