Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Град Скопје со реакција: Градоначаликот на Бутел конечно да ги научи своите ингеренции!
Македонија

Град Скопје со реакција: Градоначаликот на Бутел конечно да ги научи своите ингеренции!

09/03/2023

AA

Од Град Скопје се јавија со реакција по повод изјавите на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и побараа Костовски да престане да ги лаже граѓаните.

„Градот Скопје нема да се впушта во коменитрање на политиканти и политизирање на секоја деструктивна и блокирачка активност во организација на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците кои доаѓаат од редовите на оваа партија. Трасата на улицата „Боца Иванова“ е предвидена со Генералниот Урбанистички план, и во целата своја должина се простира на земјиште кое е во државна сопственост. Во овој дел законот е јасен и дециден, и нема простор за политички манипулации со истиот. Неправото, не може да произведе право, па оттаму, граѓаните на градот Скопје не може да бидат спречени во своите права за своите даноци да не добијат соодветни услуги, нова инфраструктура и безбедно сообраќајно решение. Неправото на неколкумина, не може да го дерогира правото на сите“, велат од Град Скопје.

Тие додаваат дека што се однесува на наводни ДУП-ови за изградба на згради на потегот на оваа траса, апелираат до градоначалникот на општина Бутел конечно да ги научи своите ингеренции.

„Детален урбанистички план носи општината, а не градот Скопје. Тоа што Дарко Костовски ветувал дека на тој дел на ул.Боца Иванова ќе легализира земјишта на кои ќе вцртува маркици за изградба на згради, кои сега поради реконструкцијата на улицата нема да биде возможно е негов проблем, а никако проблем на градот или на граѓаните на градот Скопје. На овој појас, градот Скопје воведува забрана за изградба и предвидуваме целиот овој потег да биде зелен појас. Оттука, апелираме граѓаните да не дозволуваат да бидат изманипулирани и инструментализирани за остварување на бизнис интересите на неколкумина политиканти и бизнисмени. На крајот, одговорноста е на оној кој узурпира државно земјиште, а не на политиканите“, порачаа од Град Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44897
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за свирепото убиство на Сузана Серенакова

07/08/2026

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените извештаи биле нецелосни

07/08/2026

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за кризата со загадувањето на водата за пиење во Општина Гостивар, за да

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани излезе со јавно соопштение во кое алармира дека АД „Водостопанство – Брегалница“, при чистењето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy