Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците – ќе има присилна наплата!
Македонија

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците – ќе има присилна наплата!

26/01/2026

AA

Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок.

Заклучно со 23 јануари 2026 година, вкупно 830 даночни обврзници ги подмирија заостанати обврски во износ од 20.107.103 денари кон Градот Скопје.

Со оглед на тоа што значителен број обврзници и понатаму не ги имаат подмирено своите долгови, Градот Скопје известува дека од 26 јануари 2026 година започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година.

Во рамки на постапката утврдено е дека 37.655 физички лица и 1.926 правни лица не го подмириле долгот по основ на данок на имот за 2021 година, во вкупна вредност од 148.466.661 денари.

За 16.372 даночни обврзници, се изготвени и доставени Решенија за забрана на средства до деловните банки, додека преостанатите  23.209 решенија ќе бидат доставени до крајот на оваа недела, со цел обезбедување наплата на неплатените обврски.

Град Скопје ги повикува сите граѓани и компании кои сè уште не ги подмириле своите обврски по основ на даноците на имот и комунални такси, тоа да го сторат во најкраток можен рок, бидејќи присилната наплата ќе продолжи кон сите даночни должници кои имаат долг спрема Градот Скопје.

Увид во состојбата на сопствениот даночен долг може да се направи преку електронскиот портал на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml, каде што е овозможено и електронско плаќање. Подмирувањето на овие давачки претставува законска обврска и неопходен предуслов за нормално функционирање и развој на градот.

Изразуваме благодарност до сите граѓани и правни лица кои навремено ги подмируваат своите даночни обврски и со тоа придонесуваат за побрз развој, поквалитетни услуги и подобар град за сите. Градот Скопје останува посветен на транспарентност, отчетност и создавање подобри услови за сите жители во главниот Град.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy