
Град Скопје: Над 36 милиони евра долг по основ на имот, промет, наследство и комунални такси
Град Скопје издаде соопштение до граѓаните и бизнис заедницата во врска со неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина.
Во соопштението се нагласува дека приходите од даноците на имот и комуналните такси претставуваат основен извор за финансирање на работата на градот, вклучувајќи инфраструктурни проекти, ко-финансирање на услуги на комуналните претпријатија и јавните установи, како и трошоци на средните училишта на територијата на Скопје.
Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, во периодот од 2020 до 2025 година, граѓаните и компаниите должат повеќе од 36 милиони евра по основ на даноци и такси кон Град Скопје.
Градот ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои не ги подмириле своите обврски, да ги платат даноците и таксите во најкраток можен рок.
Увид во долгот, преземање на даночни и таксени решенија и електронско плаќање може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.
За прашања поврзани со данок на имот, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 072/204-434 и 02/3207-546 или на е-пошта anitan@skopje.gov.mk и nuredin.nuredin@skopje.gov.mk.
За данок на промет, наследство и подарок контакт броевите се 02/3297-298 и 02/3297-296, а електронскиот контакт е biljana.manakoska@skopje.gov.mk.
За комунална такса-фирмарина, на располагање е бројот 02/3297-314 и е-поштата angelina.gievska@skopje.gov.mk.
За даночно сметководство, граѓаните можат да се јават на 02/3297-298 и 02/3297-296 или да пишат на katerina.donev@skopje.gov.mk.
Даночниот долг може да се подмири и на Даночните шалтери на Град Скопје, кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот, како и в сабота, на 13.12.2025 година.
