
Град Скопје испрати барање: На следната седница ќе се одлучува за хуманитарна помош за Турција
Град Скопје испрати сочувство до градоначалникот на Газиантеп.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газиантеп, Р.Турција.
До градоначалникот на Газиантеп испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.
Градот Скопје е град на солидарност кој никогаш нема да ја заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.