Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Град Скопје е пред банкрот“, изјави вечерва Васко Кичевски од СДСМ
Македонија

„Град Скопје е пред банкрот“, изјави вечерва Васко Кичевски од СДСМ

25/04/2023

AA

Васко Кичевски, претседател на градската организација на СДСМ, во емисијата 10 МИНУТИ на ТВ21 кажа дека стравува Град Скопје да не отиде во банкрот, поради тоа што на буџетската сметка имало само 10-20 милиони денари.

Кичевски кажа дека после мандатот на Петре Шилегов, на буџетската сметка имало 700 милиони денари.

„Кога СДСМ го заврши минатиот мандат, имаше 700 милиони денари во буџетот, сега има 10-20 милиони. Јас искрено се плашам дека ќе дојдеме до банкрот, и до ситуација кога нема да може да се подмируваат трошоците, ќе нема јавен превоз, хигиената ќе биде полоша, и во една ваква ситуација, со овој буџет, нема да може да се покријат сите обврски“, рече Кичевски.

Денеска на Совет на Град Скопје, не беше изгласана иницијативата за набавка на нови 30 автобуси за градот. Васко Кичевски од градскиот совет на СДСМ во 10МИНУТИ на ТВ21 објасни зошто така се изјасниле.

„Најпрво да објаснам зошто не ја поддржуваме иницијативата, односно да се задолжиме 10 милиони евра, 33 автобуси, но ќе бидат помалку автобуси, затоа што цените на пазарот не се тие. Не е тоа вистинската причина зошто не поддржуваме. Ние како СДСМ претходно оставивме проекти за Градот. Еден од тие е решавање на јавниот сообраќаен хаос со баст рапид транзит, и системот ќе го решеше проблемот со сообраќајот. За жал овој проект стои во место, иако има обезбедено 70 мил, евра од Европската Банка за обнова и развој, проект кој е поддржан од сите експерти, и ќе го решеше проблемот. Со набавка на нови 33 автобуси не го решаваме проблемот. Сега имаме сериозни проблеми со автобуси. Не доаѓаат на време, преполни се и хаосот продолжува повеќе од шест месеци, ваквата одлука не ја поддржавме, затоа што ќе го оптовари буџетот на Град Скопје кој и така е лош“, рече Кичевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy