
Град Скопје доделува шест милиони денари за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани
На денешната вонредна седница Град Скопје одлучи да додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Ова е првична помош, а Град Скопје најавува дека ќе додели и дополнителна помош.
Трајко Славески, претседателот на Советот на Град Скопје рече дека средствата ќе бидат префрлени на сметката за донации на Црвениот крст.
„Ова е првична помош за семејствата на настраданите во рамките на можностите. Во најскоро време сме подготвени за дополнителна помош за семејствата на настраданите“, рече Славески.
Седницата почна со едноминутно молчење во знак на почит за загинатите во Кочани.