
Град од регионот е прогласен за најубаво место на светот
Најубавото место на светот според британски магазин е на Балканот.
„Тајм-аут“ ја претстави листата на 30 најубави места во светот за 2023 година, која ја предводи градот Котор во Црна Гора. Истакнувајќи дека изборот на најубавите места во светот не е лесна задача, овој магазин пишува дека локациите од листата на најубави се избрани од мрежа на светски патописци кои ја доживеале убавината на секое место на листата.
Првото место на листата е за Которскиот залив во Црна Гора, каде што „Јадранското Море во тесните премини на стрмните Динарски Алпи го формира Которскиот Залив“.
Исланд е на второто место на листата, а потоа следуваат Ерг Чеби во Мароко, Мон Сен Мишел во Франција, Големата џамија Шеик Зајед во Абу Даби и Ела во Шри Ланка.
Црна Гора годинава доби многу пофалби од странски магазини. Дури, беше наведено дека е најдобро место за одмор.
EPA-EFE/Erdem Sahin
