
Грабната 23 годишна девојка од Скопје
Вистинска драма се одвивала на улиците на Струга, каде четири лица од Скопје организирале и извршиле грабнување на 23-годишна девојка. ОВР Струга веќе поднесе кривични пријави против сторителите поради сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „соизвршителство при грабнување“.
Осомничените се на возраст од 18 до 35 години: А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21), сите жители на Скопје.
Инцидентот се случил на фреквентната улица „Маршал Тито“ во Струга. Според полицискиот извештај, грабнувањето било планирано, а жртвата претходно била следена.
Жртвата е 23-годишна девојка, исто така од Скопје. Полицијата го расчисти случајот и го процесуираше до Обвинителството.

