
Граѓаните во Штип на Спасовски му посочиле дека има криминални активности во некои институции
Министерот Оливер Спасовски имаше средби со граѓаните во Штип во рамки на проектот „Отворен кабинет“ со цел од прва рака да ги слушне проблемите на граѓаните.
– Имав средби со повеќе граѓани денеска во Штип. Неколку прашања се издвојуваат во однос на безбедноста, кражбата на дрва, возење на нерегистрирани возила од одредена популација на граѓани, безбедноста во сообраќајот. Јас сум задоволен што сите што дојдоа, зборуваа за заеднички проблеми. Посочуваат и за одредени криминални активности во некои институции. Можеме да дојдеме до корисни информации – рече Спасовски.
Во однос на истрагата на лажните бомби, Спасовски рече дека се подготвуваат кривични пријави.
– Активното постапување на службите, сите кои што работевме на спречување на овие сајбер закани, успеавме преку промената на протоколите за работа со новото време да се избориме со ова. Првиот ден по носењето на протоколите имавме дојави три училишта, вториот ден уште во две и тука запре целиот процес. Јас очекувам да се поднесат кривични пријави затоа што обезбедувањето докази е при крај – рече тој.
