Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет – прво да проверат дали се регистрирани
Македонија

Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет – прво да проверат дали се регистрирани

21/07/2023

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните да бидат одговорни и совесни потрошувачи и да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната преку социјалните мрежи и преку веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, бидејќи производите може да бидат и небезбедни, без оглед дали се работи за производи од домашно производство или од увоз.

Инспекциските служби на АХВ вршат контроли на работењето на одобрените/регистрираните оператори со храна и со додатоци во храната, односно, на сите компании кои се дел од легалниот синџир на производство и трговија, вклучително и на оние кои вршат електронска продажба на своите производи.

Купувањето на вакви производи преку социјалните мрежи и веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, без потрошувачите претходно да се информираат дали истите се одобрени или не, е на нивна лична одговорност.

Дали додатоците кои се продаваат преку социјалните мрежи или преку електронски медиуми се одобрени од АХВ, односно дали ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на оваа категорија производи, граѓаните можат да се информираат на интернет страната на АХВ – www.fva.gov.mk – Регистар на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана (https://drive.google.com/file/d/1XhW_rPsSy3DkoeJp6ejo7CKMTFxkulEc/view).

На оваа категорија продавачи АХВ нема можност да направи контрола бидејќи лицата се непознати и со непозната адреса. За утврдување на автентичноста на профилот од каде се врши продажбата и за откривање на лицето – сопственик на ФБ профилот, АХВ соработува со Министерството за внатрешни работи.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на додатоците во храната, потрошувачите можат да ја пријават во Агенцијата лично, писмено, електронски на [email protected], или на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy