Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните на Струмица маршираа за чист воздух: Народе, време е да ги разбудиме заспаните институции!
Македонија

Граѓаните на Струмица маршираа за чист воздух: Народе, време е да ги разбудиме заспаните институции!

15/07/2025

AA

Синоќа, низ улиците на Струмица се одржа протестен марш во организација на Здружението „Здрава котлина“, како реакција на долгогодишното загадување од запалените депонии и инертноста на надлежните институции.

Протестот започна со остри пораки и повик до институциите да преземат одговорност:

„Народе, време е да ги разбудиме заспаните институции кои, во скапо платен сон, си ги префрлуваат надлежностите и задолженијата додека сите заедно се труеме со чадот од депониите!“ – порачаа организаторите.

Како што нагласија, загадувањето е хроничен проблем кој се провлекува со години, а сценариото секогаш е исто – во зима вината паѓа врз домаќинствата, а во лето, институциите се прогласуваат за ненадлежни.

„Истите актери палат, истите џебови се полнат, бизниси со рециклирање никнуваат и фантомски функционираат, додека институциите се парализирани и молчат“ – истакнаа од здружението.

„Здрава котлина“ упати и сериозна критика до локалните власти, посочувајќи дека градоначалниците на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село со своето молчење и неделување, во период кога над месец и пол гори ѓубре, „покажаа дека функцијата им служи само за удобност, а не за одговорност.“

Протестниот марш заврши со порака за продолжување на борбата – за здив, за живот и за иднината на жителите на Струмичката котлина. Организаторите најавија нови активности и повикаа на масовна граѓанска мобилизација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy