Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните и компаниите бараат Министерство за правда да иницира измени на контроверзниот неуставен член 368 став 3 од Законот за облигациони односи
Македонија

Граѓаните и компаниите бараат Министерство за правда да иницира измени на контроверзниот неуставен член 368 став 3 од Законот за облигациони односи

15/03/2024

AA

Ново барање за измени и дополнувања на Законот за облигациони односи. По иницијативата која пред повеќе од две недели беше поднесена до Уставниот суд во Скопје, деновиве е доставено ново барање до Министерството за правда. Во барањето упатено до Министерството за правда на 11 овој месец се бара „укинување на членот 368 став 3, поради негово косење со Уставот“ и се наведува дека „во членот 8 од Уставот се предвидуваат темелни вредности меѓу кои и правна заштита и владеење на правото“. Во дописот до Министерството за правда понатаму се вели: „Членот 30 од Уставот предвидува: Се гарантира правото на сопственост. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за доброто на поединецот и заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон“.

„Наспроти ова наведениот член од Законот за облигациони односи член 368 став 3, навлегува во сопственоста затоа што сопственоста која е потврдена со извршна судска одлука, овој член ја одзема“, се вели во дописот до Министерството за правда.

Ова е последна во низата реакции на физички и правни лица за Законот за облигациони односи, и тоа за членот 368 став 3, со кој се предвидува застарување на долговите или побарувањата постари од 10 години и истите се отпишуваат. Со ваквото законско решение не само што се прави штета на доверителите, туку се доведува во ризик и функционирањето на компаниите, особено ова важи за малите и средните фирми. За штетноста на ова законско решение реагираше и Стопанската комора на Северна Македонија, која подвлече:

„Измените на Законот за облигациони односи и Законот за извршна постапка кои беа донесени минатата година се исклучително штетни за компаниите и за граѓаните. Законските измени со кои се предвидува бришење на долговите постари од 10 години, креираат правна несигурност и директно влијаат негативно врз целокупната бизнис клима. Имено, едно од основните начела на бизнисот е гаранцијата за наплатување на побарувањата кои произлегуваат од деловните активности. Дополнително на тоа, ваквата правна рамка која создава финансиска несигурност и ги штити должниците наместо доверителите, не се практикува во ниеден друг правен систем, во било која земја во светот“.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда. Инаку до Уставниот суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од физичкото лице Предраг Баришиќ.

Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во пракса. Правните експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување ќе се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy