
Граѓани во Хрватска се испаничија откако маж влечеше ајкула за опашката
Маж влечеше ајкула за опашка по брегот во Хрватска.
Во Лошињ граѓани снимиле маж како влече ајкула за опашката по брегот. Некои се јавија во Институтот Син Свет, кој ја проучува морската средина, и се покажа дека сепак се работи за спасувачка операција. Aјкулата се насукала и се обидела да се врати во морето, па лицето што ја врзало за опашката со чамец ја одвлекло на отворено море кон Сусак.
Неодамна во Шпанија капачите се вознемирија откако ајкула им се приближи во плиткото. Млад Русин претходно настрада во Египет, откако го нападна ајкула.
