Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓани од населба Автокоманда пак на протест поради парното
Македонија

Граѓани од населба Автокоманда пак на протест поради парното

07/02/2023

AA

Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови.

Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после 22 часот, а неретко парното наместо во 6 часот им се вклучува во 7 часот наутро.


Ни кажаа во сметките ќе нема разлика нема да има промени, а во затоплувањето има разлики некаде 15 за 22 навечер го исклучуваат греењето и сабајле треба во 6 да го вклучат, тие во 7 ни го пуштаат. Ние имавме средба со ЕСМ ни рекоа Владата така одлучи, па кој е владата ние ја гласаме ова требаше да се направи пред сезона затоа што ние имаме мали деца, имаме стари луѓе да се подготвиме ќе прифатиме некои работи поради светската криза, ама не на ваков начин и во ова време, порача Слободан Павлов.

Додаде дека граѓаните се разочарани и дека не сакаат да ги платат сметките, меѓутоа им било речено дека ќе си го решаваат тоа на суд и смета дека ова за граѓаните претставува еден вид закана и притисок.


-Воопшто и не бевме прашани ни го раскинаа договорот не префрлаат, ниту сме прашани, ниту сме дале согласност, ниту пак знаеме по која цена и по колку часа дневно ќе имаме греење. Нека прашаат кој сака сака, кој не сака едноставо нема да користи парно и нема да има потреба цела година сметка да плаќа за пет часа греење, додаде друг жител на општината.

Рекоа дека Претседателот Стево Пендаровски не ја прифатил поканата за средба и не изразил поддршка.


-Не може Владата да го менува нашиот снабдувач со топлинска енергија без да не праша нас, потрошувачите од утре започнуваме консултации со адвокати со цел започнување правна битка пред судовите ќе ја разгледаме можноста да не ги плаќаме сметките, ние како корисници немаме никаков договор, а со тоа ниту обврски кон ТЕТО, ако Владата одлучила таа нека им плати ние имаме договор со ЕЛЕМ енергетика и редовно си ги плаќаме сметките ние сме задоволни од ЕЛЕМ и ти е од нас, појасни Павлов.

На протестот беше присутен и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој целосно ги поддржа барањата на жителите.

-На моја иницијатива во петокот се одржа средба со престатвници на ЕСМ, меѓутоа барањата на граѓаните не беа слушнати воопшто, ниту пак се даде конкретен одговор. На средбата беше присутен и претстедателот на урбаната заедница, настапија со три барања, но не беа прифатени. Барањата на граѓаните се разумни и реални, недозволиво е во тек на грејна сезона да се префрлаат на друг снабдувач како што соопштија и некои од нив имаат мали деца, стари луѓе, кои не се подготвени во вакви услови да ја поминат зимата со промена на снабдувач и временски интервал на затоплување, изјави градоначалникот.

Додаде дека иако нема ингеренции директно да одлучи за парното ќе продолжи да ги поддржува.

Имнформира дека согласно информациите со кои располага најверојатно следно од ЕЛЕМ ќе бидат исклучени и населбите Железара, Маџари и Хиподром.

Ова е третпат како граѓаните излегуваат на протест поради незадоволство од новиот снабдувач со топлинска енергија.

АД ЕСМ претходно соопшти дека спроведува промени во системот на греење со цел стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите 62.000 потрошувачи.

– Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, информираа од АД ЕСМ.

Причината за воведените промени, велат од компанијата, е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy