
ГРАЃАНИ БИДЕТЕ СПОКОЈНИ: Се замрзнува цената на лебот
Властите најавија дека деновиве ќе ја замрзнат цената на лебот.
Таа нема да изнесува повеќе од 33 денари. Мерката ја најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Во вторник ќе се замрзне цената на белиот и полубелиот леб и нема да биде над 33 денари. Ќе следнат и нови одлуки за замрзнување на цените. Ова е прв чекор во замрзнување на цените на производите наведени во одлуката на Владата. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки“, изјави Бектеши.
Министерството за економија испрати предлог -одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Анализите на Министерството за економија, покажале дека кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи. Инфлацијата ги мачи граѓаните. Владата и претходно со замрзнување на цените на основните продукти настојуваше да го заштити стандардот на граѓаните. foto freepik.com

